Скопје · од 2017

EternityTattoo

Tattoo · Piercing · Академија

Академски уметници. Секоја тетоважа — уникатно уметничко дело, создадено само за тебе.

Клеопатра, Black & Grey реализам — Petar Eternity
Ornamental лотос долж рбетот — Shanaya
2017Година на основање

Добредојдовте во

Eternity Tattoo & Piercing Studio

Ние сме академски уметници кои секоја тетоважа ја третираат како уникатно уметничко дело.

Со работа започнавме во 2017 година, а низ годините го градевме нашето искуство, стил и препознатливост во светот на тетовирањето. Работиме во различни стилови и секоја тетоважа ја прилагодуваме на идејата и желбата на клиентот.

Нашето искуство се прошири и надвор од Македонија — имавме и сопствено студио во Кавос, Крф, Грција, каде што работевме две години. Низ годините учествувавме и на различни фестивали и настани, каде што имавме можност да се претставиме, да запознаеме нови уметници и постојано да го надградуваме нашето знаење.

Денес, нашето студио се наоѓа во Карпош 3, ул. Манапо 6, каде што продолжуваме да создаваме уникатни тетоважи и да го споделуваме нашето искуство преку професионални обуки.

Фестивали: D-FestПиволендВиноскопFree Earth
2017
Година на почеток
10+
Години искуство
2
Години студио во Кавос, Крф
4+
Фестивали и настани

Запознај ги

Нашите уметници

Shanaya

  • Академски графичар
  • Digital Artist
  • Tattoo Artist

Shanaya е академски графичар, Digital Artist и тату артист со 10 години искуство во светот на тетовирањето. Нејзината уметничка позадина ѝ овозможува прецизен пристап кон линијата, формата, композицијата и деталите.

Работи Fine Line и Ornamental тетоважи, со посебен фокус на чисти и прецизни линии. Нејзиниот стил е нежен, елегантен и суптилен, со внимание на секој мал детал.

Преку својот препознатлив пристап, Shanaya создава тетоважи кои изгледаат деликатно, модерно и природно се вклопуваат со телото. Секоја идеја ја прилагодува индивидуално, со цел финалниот резултат да биде уникатен и личен за секој клиент.

Нежна естетика, прецизна линија и уметност со личен печат.

  • Fine Line
  • Ornamental
  • Lettering
  • Fine Line портрети
  • Мини тетоважи
Погледни ги делата на Shanaya

Petar Eternity

  • Академски сликар
  • Tattoo Artist
  • Graffiti Artist

Петар е академски сликар и тату артист со 10 години професионално искуство во тетовирањето. Неговата уметничка основа, комбинирана со долгогодишната работа со графити и различни техники на визуелна уметност, му овозможува уникатен пристап кон секоја тетоважа.

Неговиот омилен стил е реализам, со посебен фокус на деталите, композицијата, сенките и прецизната изработка. Особено ужива во создавање големи и комплексни дела, каде што има простор целосно да ја развие идејата и да создаде тетоважа со силен визуелен ефект.

Покрај тетовирањето, Петар постојано ја развива својата уметност преку сликање, графити и учество на различни уметнички настани и фестивали.

За него, секоја тетоважа е повеќе од работа — таа е уметничко дело кое се создава индивидуално за секој човек.

  • Реализам
  • Black & Grey
  • Нео-традиционал
  • Колор
  • Јапонски
  • Сурреализам
Погледни ги делата на Petar

Пирсинг

Уметност на највисоко ниво

Од едноставни до посложени пирсинзи, нашите пирсинг уметници имаат искуство да создадат уникатен дизајн кој одговара на твојот личен стил. Си земаме време да ја сослушаме твојата идеја и работиме заедно со тебе.

Не само што нашите уметници се вешти во занаетот, туку и ја ставаат безбедноста на прво место. Работиме со стерилна опрема и строги протоколи за дезинфекција — секој пирсинг се поставува прецизно и безбедно.

  • Стерилна опрема
  • Строги протоколи за дезинфекција
  • Прецизно и безбедно поставување
Закажи пирсинг термин

Eternity Академија

Без разлика дали почнуваш од нула или веќе имаш искуство — нашите обуки се прилагодени на твоето ниво.

АкадемијаОбука за тетовирање

Без разлика дали почнуваш од нула или веќе имаш искуство и сакаш да го надградиш своето знаење, нашите обуки се прилагодени на твоето ниво.

Започни од нула или усоврши ја својата техника!

На обуката добиваш

  • 01

    Теоретска и практична обука

  • 02

    Машинка за тетовирање

  • 03

    Сертификат за завршена обука

  • 04

    Совети и насоки за понатамошен развој

Контакт

Закажи термин денес

Термините се закажуваат однапред — јави се на телефон или прати ни порака на Instagram. Донеси ја својата идеја, а ние ќе ја претвориме во уметност.

Телефон
Instagram
Јави се сега